Органска храна

Oрганската храна е произведена на строго контролиран начин со цел да се заштити здравјето на луѓето и животната средина.


Органските производи се одгледани на незагадена почва и произведени со методи кои не се штетни по здравјето на луѓето, животната средина и природната рамнотежа. Начинот на производство на органска храна е законски регулиран и редовно контролиран за да се обезбеди дека производите се безбедни и не содржат штетни материи. Со тоа тие се поздрави и имаат поголема нутритивна вредност.
При органскиот начин на производство и преработка на храна се дава предност на употребата на материи и производи кои се добиени на природен начин. Употребата на вештачки ѓубрива, хемиски пестициди, хормони, конзерванси, адитиви, генетски модифицирани плодови и состојки или други синтетички материи е сведена на минимум, односно во најголемиот дел е недозволена. Името органски производ, односно органска храна, е дадено поради органските материи и методи со кои земјоделците ги заменуваат овие вештачки материи.
Органските производи:
-не смеат да содржат генетски модифицирани организми;не се прскани со синтетички пестициди и лесно топливи минерални ѓубрива;

-не смеат да содржат дополнително додадени засладувачи, ароми, бои и емулгатори, како и помошни адитиви кои се забранети;животните мораат да бидат хранети со храна од органско производство, без употреба на антибиотици.

Во прилог е студија за органско производство.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s