Сепак, садењето дрвја не е толку лесно. Пред тоа, треба внимателно да го изберете местото, а потоа и расад што се вклопува во теренот во кој е засаден.
– Треба да изберете дрво што одговара на теренот на кој го садите
– Зеленилото што постои околу нас треба да биде заштитено
– Чистењето понекогаш е доволно за да се спречи некој да пресече дрво
– Не дозволувајте миленичиња да уринираат по четинари, бидејќи тие ги убиваат
– Садете кога и да можете
– Не мора секогаш да се садат дрвја, може да се посади и грмушки, што е исто така убаво за околината, плус дава кислород и е природна куќичка за птици
Како да се посади дрво
– Планирајте го садењето – Времето за садење дрвја е во рана пролет или есен. Изберете го вистинското место.
– Некои дрвја растат подобро во сува, песочна почва, додека други растат подобро во влажна почва. Секој вид дрво има свои потреби. Проверете ја киселоста на почвата, салинитетот, квалитетот на почвата.
– Нацртајте мапа на избраното место и означете каде ќе бидат засадени дрвјата. Ако имате можност, прашајте шумар да ви помогне да изберете каде да садите.